Генерациите 2010 и 2011 на фудбалскиот клуб Вардар одиграа пријателски натпревари на теренот на Академијата. Гостин на Вардар беше тимот на Јанг Тим од Струга, против кој одигравме три контролни натпревари. Два беа со генерацијата 2011, од кои по една победа им припадна на двете екипи, додека на дуелот кај генерација 2010 како победник испадна тимот на Јанг Тим.
Двете генерации се предводени од Бобан Андоновски, кои прикажаа борбена игра на сите три натпревари, беше уживање да се гледаат младите надежи на најголемиот клуб во Македонија. Нашиот медиум беше присутен на натпреварите, од кои ви носи и неколку фотографии.