Медија тимот на СЕХА-лигата направи избор на најдобрите десет одбрани за месец февруари во ова натпреварување. Во изборот со по една одбрана се најдоа и голманите на Вардар, Борко Ристовски и Робин Кантегрел. Двојната одбрана на Ристовски која ни донесе победа против Нексе и одбраната на Кантегрел во поразот против Мотор Запорожје најдоа место во ТОП-10 одбрани.
Најдобрите десет одбрани во месец февруари можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.
Во СЕХА-лигата, Вардар има одиграно три натпревари на кои оствари две победи и еден пораз.