Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ја започнува одбраната на домашната круна, со натпревар против Еурофарм Пелистер 2
Вардар ја започнува одбраната на домашната круна, со натпревар против Еурофарм Пелистер 2

Вардар ја започнува одбраната на домашната круна, со натпревар против Еурофарм Пелистер 2

Денес, ракометниот клуб Вардар ја стартува одбраната на титулата во домашната супер-лига. Вардар е актуелен Шампион на Македонија од сезоната 2018/19, со оглед дека минатата беше прекината поради пандемијата со корона вирусот, па од РФМ се одлучија да нема прогласување на шампион.

Вардар е домаќин на тимот на Еурофарм Пелистер 2, во рамките на првото коло од плеј-офот во супер лигата. Осум екипи ќе се борат за приматот Шампион на Македонија, а вардарци влегуваат како број еден фаворит за одбрана на круната. Сепак тоа нема да биде ни малку лесно, со оглед дека имаме сериозен ривал во екипата на Ерофарм Пелистер кој игра одлично сезонава во Европската лига. Дека серизоно треба да се сфати секој противник, говорат и резултатите од вчерашните натпревари, на кои Пролет го изненади тимот на Металург и го победи со резултат 29:26.

Што се однесува до денешниот противник на Вардар, се работи за млад и квалитетен состав, кој се бори до самиот крај. Во регуларниот дел од сезоната, екипата која ја предводи Јовиќ беше дел од групата Б во која го освои третото место. На 12 одиграни натпревари, битолчани имаа скор од 7 победи, 1 нерешен резултат и 4 порази. Една од овие победи беше и против екипата на Металург, додека на останатите натпревари Еурофарм Пелистер 2 се покажа како „тврд“ орев за противниците.

Сепак, Вардар е голем фаворит на овој натпревар, кој се игра денес со почеток од 15:00 часот во С.Ц. Јане Сандански.

Распоред на натпреварите на Вардар 1961

1 коло: Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 2
2 коло: Охрид – Вардар 1961
3 коло: Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер
4 коло: Бутел – Вардар 1961
5 коло: Вардар 1961 – Струга
6 коло: Вардар 1961 – Пролет 62
7 коло: Металург – Вардар 1961
8 коло: Еурофарм Пелистер 2 - Вардар 1961
9 коло: Вардар 1961 – Охрид
10 коло: Еурофарм Пелистер - Вардар 1961
11 коло: Вардар 1961 – Бутел
12 коло: Струга - Вардар 1961
13 коло: Пролет 62 – Вардар 1961
14 коло: Вардар 1961 – Металург