Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Уште една фудбалска лекција за Шкупи, од нашите младинци
Уште една фудбалска лекција за Шкупи, од нашите младинци

Уште една фудбалска лекција за Шкупи, од нашите младинци

Нова лекција по модерен фудбал им одржаа младинците на Фк Вардар на своите врсници од Шкупи. Избраниците на Љупчо Марковски уште еднаш ја потврија својата доминација во дуелите со екипата од Чаир и сосема заслужено се пласираа во полуфиналето на купот. Конечниот резултат од денешниот меч, кој се играше на локомотива гласи 4:1 и со вкупни 6:2 нашите младинци го добија овој двомеч. Стрелци на головите беа Виктор Димков(2), Јасир Беќири и Есмин Личина.

Сите неизвесности околу тоа кој ќе се пласира во следната фаза од ова натпреаврување беа решени уште во првото полувреме, кога црвено-црните имаа високо водство од 3:0. Голеадата ја најави капитенот Личина, кој со удар од белата точка погоди за водство од 1:0. Надежите на Шкупи дека можат да сторат нешто повеќе на овој меч исчезнаа кога Беќири зголеми на 2:0 и ги реши сите дилеми, ако и воопшто постоеа пред овој реванш дуел. За да биде катастрофата уште поголема за Шкупи, се погрижи кој друг ако не Димков кој повторно постигнува прекрасен гол од слободен удар, за водство од 3:0. Со овој резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел единствено што направи гостинскиот тим е за момент да ја намали негативата за почесен гол на овој меч. Со својот втор погодок на мечот, Димков само го потврдува триумфот за конечни 4:1. Ова е веќе трета победа за нашите надежи во дуелите против Шкупи во оваа сезона. Претходно во лигата, ги совладавме исто така со високи 3:0. Три од четирите Вардарови генерации се најдоа во полуфиналето на националниот куп, каде ќе продолжат да се борат за трофејот од ова натпреварување. Во недела младинците гостуваат во Куманово на екипата на Милано, во последното коло од есенскиот дел.

Фк Вардар: Трајчевски, Ричков, Исмаил, Личина, Чукалевски, Димитровски, Додевски, Беќири, Димков, Даци.

Во игра влегоа уште Малов, Јовановски, Трифунов и Велковски.