Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Симовски: Мотивирани сме за добар натпревар.
Симовски: Мотивирани сме за добар натпревар.

Симовски: Мотивирани сме за добар натпревар.

Денеска се одржа прес-конференција, по повод натпреварите на Жрк Вардар јуниор во рамките на третото коло од Челинџ купот. Противник е анонимната екипа на Лондон Ејнџелс од В. Британија. Двата меча ќе се одиграат на домашниот терен во Ј. Сандански, во петок и сабота. На денешниоот прес говореше тренерот Симовски, капитенот Трпковска и една од најдобрите во составот Керамичиева.

-Имавме избор да патуваме, но управата реши да ги одиграме двата натпревара тука. Добро е што се играат двата меча кај нас. Постои некој договор во тимот за играта која сакаме да ја покажеме, тој договор треба да се почитува за да донесе успех. Немаме многу информации за екипата со која играме. Единствена нова информација ни е дека имаат повеќе Унгарки во тимот и дека тренер им е Унгарец. Познавајќи го унгарскиот ракомет имаме обврска да бидеме повнимателни и посериозни, без разлика што двата меча се дома. Мотивирани сме за добар натпревар. Онаа енергија што јас ја имам целосно би ја пренел на девојките и би посакал да го одиграат она што го барам. Сметам дека веќе се возрасни, дека „купуваат“ сѐ од мене како тренер и од останатиот стручен штаб. Треба да одиграме цврсто во одбраната и смирено и трпеливо во нападот и резултатот ќе дојде, рече Симовски.

Ракометарките Трпковска и Керамичеава очекуваат добра игра и резултат од овие два дуела.

-Во овој натпревар влегуваме многу концентрирано и мотивирано. Влегуваме како фаворити, иако тоа не треба ништо да значи, не треба никој противник да се потцени. Како што почнавме во домашното првенство, со победи, се надевам дека така ќе биде и во Европа, рече Трпковска.

-Се надевам дека резултатот ќе си дојде сам по себе по добрата игра. За да се оформи тим потребен е подолг период, веќе една година сме заедно и веќе се чувствуваме посплотени, обединети и посигурни во себе, изјави Керамичиева.

Во петок ќе можеме да следиме пренос на собраниски канал, инаку влезот за двата дуела е слободен.