Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Александар Трајчевски: Се пласиравме во полуфиналето од купот на Македонија и секако очекувам титула
Александар Трајчевски: Се пласиравме во полуфиналето од купот на Македонија и секако очекувам титула

Александар Трајчевски: Се пласиравме во полуфиналето од купот на Македонија и секако очекувам титула

Кадетите го потврдија пласманот во полуфиналето на купот, откако во реваншот забележаа уште еден висок триумф против Младост. Конечниот резултат гласеше 4:0. Капитенот Александар Трајчевски беше стрелец на два гола, додека Михаил Геговски и Никола Серафимов постигнаа по еден гол.

-На овој натпревар покрај тоа што имавме предност од првиот дуел со Младост Царев Двор од 1:4, влеговме максимално сконцентрирани и мотивирани како и на секој натпревар. Во првото полувреме со одлична игра успеавме да дојдеме до водство од 2:0 и во второто полувреме продолживме со исто темпо за на крајот да издвојуваме победа од 4:0. Презадоволени сме од играта и од резултатот, се пласиравме во полуфиналето од Купот на Македонија и секако очекувам титула во истиот.

Во недела се игра последното есенско коло за оваа година. Противник е екипата на Милано, меч кој ќе се одигра во Куманово. Кадетите се наоѓаат на третото место на табелата со три бода заостанување зад првопласираниот тим на Металург.

Од есенскиот дел ни преостанува уште еден натпревар против екипата на Милано, секако и на тој натпревар одиме на победа и остануваме во трка за крајната цел, а тоа е двојната круна, изјави Александар Трајчевски за Вардар фанс.

Звонко Ивановски