Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Давидовски, Мирков, Ѓорѓоски и Андрески со фудбалската репрезентација до 15 години, ќе бидат дел од меморијалниот турнир “Јосип Каталински Шкија“
Давидовски, Мирков, Ѓорѓоски и Андрески со фудбалската репрезентација до 15 години, ќе бидат дел од меморијалниот турнир “Јосип Каталински Шкија“

Давидовски, Мирков, Ѓорѓоски и Андрески со фудбалската репрезентација до 15 години, ќе бидат дел од меморијалниот турнир “Јосип Каталински Шкија“

Младинската фудбалска репрезентација до 15 години утрово заминаа за Босна и Херцеговина, каде во петок и сабота ќе биде дел од седмото издание на меморијалниот турнир “ Јосип Каталински Шкија“. На истиот ќе настапат селекциите до 15 години на Македонија и Босна и Херцеговина, потоа селекцијата на градот Белград и заедничката селекција на Сараево и Источно Сараево. Турнирот е во организација на фудбалскиот сојуз на Босна и фудбалскиот сојуз на кантона Сараево.

За овој турнир, селекторот на Македонија, Звонко Златановски повика четворица играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за Петар Давидовски, Антонио Мирков, Лео Андрески и Филип Ѓорѓоски. поради повреда повикот го откажа Абдула Хасани, кој се здоби со повреда, на дуелот, Вардар и Шкендија, во дербито на регионалната скопска лиа, кое се одигра изминатиов викенд.

Својот прв натпревар на турнирот, нашите надежи ќе го одиграат на 6-ти април со почеток од 11 часот, а противник ќе ни биде селекцијата на Сараево и Источно Сараево. Ова е всушност полуфинален дуел, кој ќе се одигра на стадинот, “Асим Ферхатовиќ Хасе. Во другото полуфинале ќе се сретнат селекциите на Босна и Херцеговина и градот Белград.