Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардарки триумфално и низ Битола
Кошарка: Вардарки триумфално и низ Битола

Кошарка: Вардарки триумфално и низ Битола

Вчера девојките на Дамњановски , гостуваа во Битола кај тимот на ЖКК Пелистер во рамки на дуел од 7.коло (втор дел) во Првата женска кошаркарска лига. ЖКК Вардар во четвртиот натпревар против зелено-белите во лигата и вкупно петтиот сезонава ( игравме со нив средба во полуфиналето од Купот) дојде до 100%, односно до нова победа.

На натпреварот одигран во салата “Младост“ во Битола во дуел во кој повторно го контолиравме резултатот дојдовме до победа со 16 поени позитива. Црвено-црните дами забележаа победа со резултат 55-71 на овој натпревар. Повторно сме на врвот на табелата по оваа победа,  ние сега имаме 26 бода, зад нас е шампионот Бадел 1862 со 25, но и еден натпревар помалку одигран досега во лигата.