Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пет ракометари на Вардар и тренерот Гонзалез во најдобриот тим на сезоната во СЕХА-лигата
Пет ракометари на Вардар и тренерот Гонзалез во најдобриот тим на сезоната во СЕХА-лигата

Пет ракометари на Вардар и тренерот Гонзалез во најдобриот тим на сезоната во СЕХА-лигата

Пред одигрување на завршниот турнир во СЕХА-лигата, капитените на екипите во ова натпреварување го одбраа идеалниот тим. Во него се најдоа тренерот Раул Гонзалез и уште четири ракометари од актуелниот шампион во СЕХА-лигата. Интересно целата бековска линија ја сочинуваат играчи од Вардар. За најдобар лев бек е прогласен Вуко Борозан, на средината е Лука Циндриќ, додека Даинис Кристопанс е најдобриот десен бек. Тимур Дибиров го понесе признанието за најдобро лево крило, додека најдобар дефанзивец е Илија Абутовиќ. За најдобар тренер е стратегот на црвено-црните, Раул Гонзалез.

Вака изгледа идеалниот тим на сезоната во СЕХА-лигата:

Лев бек -Вуко Борозан  ( Вардар)

Среден бек -Лука Циндриќ ( Вардар)

Десен бек – Даинис Кристопанс ( Вардар)

Пикер – Жарко Пешевски ( Металург)

Лево крило – Тимур Дибиров ( Вардар)

Десно крило – Златко Хорват ( ППД Загреб)

Дефанзивец – Илија Абутовиќ ( Вардар)

Голман – Иван Пешиќ ( Брест Мешков)

Тренер – Раул Гонзалез (Вардар)