Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар се загреваше со Гевгелија, за четвртфиналниот дуел против Митјиланд

ЖРК Вардар се загреваше со Гевгелија, за четвртфиналниот дуел против Митјиланд

Вардар беше условно домаќин на екипата на ЖРК  Гевгелија, на натревар од 22 коло на женската лига. Натпреварот се одигра во С.Ц. Јане Сандански во Скопје  и заврши со триумф на Вардарки, со резултат 10:50 (7:27).

Натпреварот го стартуваме со четири последователни голови, за почетна предност од 0:4, за првиот гол да го постигне и екипата на Гевгелија. Оваа разлика се одржуваше се до резултат 3:8, кога црвено-црните со нова серија зголемија на 3:12. На секој гол на противникот, Вардар враќаше со серија од неколку погодоци, па во текот на првото полувреме стигна и до двоцифрена предност од 4:14. При резултат 7:20, избраничките на Дибирова до крајот на првото полувреме постигнаа седум голови во серија и на одмор се замина со резултат 7:27.

Во вториот дел, екипата на Гевгелија постигна само три голови, а последниот го постигнаа при резултат од 10:38, за Вардар да направи серија од 0:12 и да го заврши натпреварот со убедлив триумф од 10:50. Најефикасни беа крилата, Сара Ристовска со 11 и Јована Саздовска која постигна 10 голови.

Ова беше последна подготовка за четврфиналниот натпревар против екипата на Митјиланд, кој ќе се одигра во петок, додека реваншот е закажан за на 14-ти април.

ВАРДАР: Кликовац 3, Саздовска 10, Бајрамовска 9, Мицевска, Керамичиева 5, Чанаџија 4, Суслина, Хмирова, Петровиќ 6, Гичевска 2, Ристовска 11.