ЕХФ ги одреди термините а четврфиналниот двомеч во Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Вардар и Кил. Првиот дуел на овие два тима е закажан за на 22-ти април со почеток од 17:00 часот, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна, или на 29-ти април, во истиот термин од 17:00 часот.
Познато е дека Вардар обезбеди директен пласман во четвртфиналната рунда, откако заврши како првопласиран во една од насјилните групи, додека Кил патот до осумте најдобри го трасираше во дуел со екипата на Пик Сегед. Пред домашната публика “зебрите“ ја завршија својата работа кога триумфираа со седум голови разлика, додека во Сегед загубија минимално со еден гол негатива.
Вардар ја брани Европската титула освоена од минатата сезона, а последна пречка до второ полседователно учество на Ф4 во Келн, ќе биде екипата на Кил.