Екипата на Митјиланд која е противник за вардарки во четврфиналето од лигаа на шампионите, го стартуваа плеј-офот во националното првенство. После две одиграни кола, Митјиланд има половичен успех од една победа и еден пораз. Во недела тие на домашен терен беа поразени од екипат на Силкеборг, со резултат 24:25 и тоа на домашен терен пред својата публика. Најефикасни во редовите на Митјиланд беа токму нивните најдобри ракометарки, се работи за Бургард и Кристиансен. Во редовите на Силкеборг настапува поранешната голманка на Вардар, се работи за македонската репрезентативка, Драгана Петковска. Инаку во првото коло, на гостински терен, следниот наш противник успеа да го победи тимот на Виборг, за која пак настапува, Нташа Нолевска, уште репрезентивка и поранешна ракометарка на Вардар Јуниор.
Последната подготовка пред дуелот со Вардар, данките ќе ја имаат во текот на утрешниот ден, кога на домашен терен ја пречекуваат екипата на Оденсе. Првиот натпревар на Митјиланд и Вардар е закажан да се одигра на 6-ти април ( петок), додека реваншот е закажан за на 14-ти април, во С.Ц. Јане Сандански.