Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Според најновиот ранкинг на ЕХФ, ЖРК Вардар е број еден фаворит за освојување на Европската титула
Според најновиот ранкинг на ЕХФ, ЖРК Вардар е број еден фаворит за освојување на Европската титула

Според најновиот ранкинг на ЕХФ, ЖРК Вардар е број еден фаворит за освојување на Европската титула

Според најновиот ранкинг на експерите во ЕХФ, екипата на ЖРК Вардар е најголем фаворит за освојување на Лигата на Шампионите. Црвено-црните имаа само еден пораз во досегашнот дел од сезоната и се сметаат како најголеми претеденти за освојување на Европската титула.

-Иако  најголем дел од играчите веќи ги доворија новите средини за следната сезона, вардарки имаат импресивен рекорд во двете групни фази, со само еден пораз од екипата на Мец. Митјиланд не е екипа која може да ги спречи црвено-црните девојки поторно да се најдат на завршниот турнир во Будимпешта. Ова е последна сезона за оваа екипа во Лигата на Шампионите, па нема да биде изненадување ако ја видите Лејно и нејзините соиграчки како го подигаат трофејот во Будимпешта, стои во анализата на ЕХФ за екипата на Вардар.

Вака изгледа листата на екипи, кои имаат најголеми шанси да ја освојат Лигата на Шампионите:

1. Вардар

2. Ѓер

3. Ростов Дон

4. Мец

5. ЦСМ Букурешт

6. Будуќност

7. ФТЦ

8. Митјиланд