Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки денеска против ЖРК Гевгелија
Вардарки денеска против ЖРК Гевгелија

Вардарки денеска против ЖРК Гевгелија

ЖРК Вардар денеска ќе одигра нов натпревар во ракометната Супер лига. Од 18.30 часот, во СЦ. Јане Сандански, Вардарки ќе одиграат дуел со тимот на ЖРК Гевгелија.

Вардар овој натпревар требаше да го одигра на гостински терен во Гевгелија, но со договор на двата клуба, дуелот ќе се одигра во Скопје на кој на хартија домаќин ќе биде тимот од Гевгелија.

Преку овие дуели во Супер лигата, Вардар се подготвува за мечевите во 1/4 финалето од ракометната Лига на шампиони.