Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генер. “2006“ со “фуриозен“ старт на првиот контролен натпревар
Фк Вардар генер. “2006“ со “фуриозен“ старт на првиот контролен натпревар

Фк Вардар генер. “2006“ со “фуриозен“ старт на првиот контролен натпревар

Фк Вардар генерација “2006“ предводена од тренерот Игор Кралевски го одигра првиот контролен натпревар во новата година. Нашите млади надежи на убедлив начин ја победија екипата на Фк Смиљковци генерација родени 2005 година. Овој дуел се одигра на теренот под Кале и заврши со конечен резултат од 17:2 во корист на црвено-црните. Се играше две полувремиња по 30 минути. Најдобриот играч на оваа генерација Давид Голубов постигна 6 гола, Стефан Колоски 4. Максим Цониќ и Михаил Николов по два пати се запишаа во листата на стрелци, додека по еден гол зад името на Дамјан Крстевски, Драган Јанкоски и Никита Патаровски. Доминација на Вардарци во текот на целиот натпревар со убави голови и контрола на игрта.  

Одличен старт за избраниците на Кралевски на подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде неговите две екипи ќе се обидат да ја освојат детската лига. Инаку првиот собир беше на 25-ти јануари. Се тренира понеделник, среда и петок на теренот под Кале. Секоја сабота ќе биде планирана да се одигра некој пријателски натпревар, додека недела е ден за пешачење и рекреација од Кочо Рацин до средно водно.