Селекцијата на северно-африканската земја Тунис е последниот противник на македонската селекција за предолимпискиот турнир за пласман на О.И во Рио де Жанеиро-Бразил. Оваа селекција вчера беше поразена во финалето од Купот на Африкански Нации, тунижаните играа со домаќинот Египет во финалниот меч кој го загубија со резултат 21:19. Сега според правилата египќаните како прваци на континентот добија автоматска виза за Олимпијадата во Рио, а “сребрениот“ Тунис како вице-шампион на Африка ќе игра квалификации, односно предолимпискиот турнир. Покрај тоа денес се извлече и ждрепката за бараж дуелот за С.П во Франција каде нашата селекција ја доби селекцијата на Чешка.
Според од претходно утврдените правила за Олимпијадата Тунис ќе биде во иста група со Македонија, со третопласираната репрезентација од С.П во Катар т.е Полска и третопласираната селекција од Јужна Америка-Чиле. Ваквиот формат на групата и дава голема шанса на Македонија за пласман на Олимпијадата бидејќи во другите групи ќе има дури по три селекции од Европа. Домаќинот на овој предолимписки турнир ќе биде познат на почетокот од февруари, но неофицијално се очекува тоа да биде Полска, бидејќи има најдобар пласман од сите овие селекции на последното Светско првенсто кое се одигра во Катар. Доколку го добијат овој турнир Полјаците најавите се дека ќе се игра овој олимписки квалификацион турнир во градот Гдањск. За квалификациите за Светското првенство во Франција идната година ждрепката сакаше да се сретнеме со стариот познаник Чешка. Со нив игравме во групата за квалификување на ова Европско во Полска, дома ги добивме а во гости одигравме реми. Имаме одсекогаш добри резулати со чесите, а во овој бараж-двомеч влегуваме како фаворит. Двомечот со Чешка ќе се игра првиот меч од 10 до 12 јуни во Чешка и седум дена подоцна реваншот сеигра во Македонија.