Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски и Фелипе ќе мораат да бидат претпазливи
Гачевски и Фелипе ќе мораат да бидат претпазливи

Гачевски и Фелипе ќе мораат да бидат претпазливи

Првотимците на Вардар, голманот Филип Гачевски и бразилецот Хуан Фелипе ќе мораат да бидат многу претпазливи на натпреварот во вторник против Копенхаген.

Двајцата играчи добија жолти картони и на двата дуели против Малме, па така сега ќе мораат да бидат внимателни бидејќи според правилото на УЕФА, со акумулирани три жолти картони се паузира еден натпревар.

Само овие двајца играчи имаат проблеми со картони, останатите играчи се сигурни.