Нашиот Вардар се пласираше во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Веќе во вторник на 25 јули во 20-00 часот ќе се сретнеме со Копенхаген. По тој повод клубот излезе со соопштение до своите поддржувачи:
Билетите се веќе пуштени во продажба по цена од 300 денари, а Ве потсетуваме дека во употреба се само јужната и два блока од западната трибина на „Телеком Арената“, по наредба на УЕФА. Продажните места на билетите на следниот ЛИНК.
Купете билет и дојдете во вторник да ги бодриме вардаровите фудбалери во обидот да го направат овој успех уште поголем, и да продолжат во следната рунда од Лигата на шампионите.
Уште неколку информации за гледачите: Оние кои имаат билети за јужната трибина за блоковите 1, 2 и 3 ќе влегуваат на влезот југозапад, односно помеѓу западната и јужната трибина. Оние кои поседуваат билети од блоковите 4, 5 и 6, влегуваат на влезот југоисток, односно помеѓу источната и јужната трибина. Оние кои имаат влезници за блоковите 29 и 30 на западната трибина, влегуваат од влезот југозапад, односно помеѓу западната и јужната трибина.
ВАЖНО: Ја замолуваме публиката за фер и коректно навивање, без извици на национализам и расизам, и без навивање против УЕФА. Ве потсетуваме дека токму УЕФА излезе во пресрет и ни дозволи да го играме овој натпревар на „нашиот“ стадион на „Телеком Арената“ во Скопје. Затоа Ве замолуваме да не истакнувате пароли и да извикувате против УЕФА, во спротвно ќе се соочиме со казна и со опасност следниот меч да го играме пред празни трибини. Поддршка е потребна, но таа да биде со фер и коректно навивање, со бодрење на момците во „црвено-црно“ кои имаат историска шанса.