Следниот противник на ФК Вардар во рамките на третото квалификациско коло од ЛШ, екипата на Копенхаген стигна до првиот триумф во националното првенство. Избранциите на во рамките на второто коло од првнството на Данска славеа на гостувањето кај Рандерс со резултат 0:3. По првото полувреме, исто така имаа минимално водство од 0:1. Два гола на овој меч постигна Пјерос Сотериу, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и интернационалецот од Србија, Андрија Павловиќ.
Погледнете ги головите на Копенхаген, во победата против Рандерс.
Ова беше прв триумф за Копенхаген во новата сезона, откако во рамките на првото коло на домашен терен одиграа со нерешен резултат (1:1) против тимот на Алборг. Веќе утре, се очекува шампионот на Данска да пристигне во Скопје, каде во вторник на арената “Филип Втори„ се игра првиот дуел од 3 квалификациско коло против нашиот фудбалски шампион.