Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Комити > (ВИДЕО) Да се повтори навивањето и поддршката за Вардар, како пред пет години против Бате Борисов
(ВИДЕО) Да се повтори навивањето и поддршката за Вардар, како пред пет години против Бате Борисов

(ВИДЕО) Да се повтори навивањето и поддршката за Вардар, како пред пет години против Бате Борисов

Во вторник на арената “Филип Втори„ се игра првиот натпревар, од третото квалификациско коло во лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Копенхаген. После елиминацијата на Малме, пораснаа аптетите кај нашиот фудбалски шампион, дека може да се победи уште еден голем противник и да направиме историски пласман, најмалку во групната фаза од лигата на Европа. Пред пет сезони на дуел од второто квалификациско коло, на истиов стадион игравме со екипата Бате Борисов, каде на крај не успеавме да ја надокнадиме негативата од еден гол, на првиот дуел одигран во Белорусија. Тој реванш меч на градскиот стадион ќе биде запаметен по големата поддршка која ја доби Вардар, од своите Комити, кои во голема бројка беа присутни на споменатиот меч. Се надеваме дека црвено-црните ќе ја имаат истата силна поддршка и во вторник на арената, каде Вардар е пред голема шанса да направи историски успех, а дали ќе се случи тоа во голема мера ќе одлучува и резултатот од првиот натпревар во Скопје.

Атмосферата беше вжештена и пред стартот на натпреварот, каде Комити се собраа и беа громогласни по скопските улици.