Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: Баш ме интересира каде се сега душманите, тие најгласните???
Гачевски: Баш ме интересира каде се сега душманите, тие најгласните???

Гачевски: Баш ме интересира каде се сега душманите, тие најгласните???

Нова победа на Вардар во првенството. Седмиот триумф беше забележан против составот на второпласираниот тим на Академија Пандев во дербито кое се одигра на „Борис Трајковски“. Меѓутоа Вардарци низ целосна доминација стигнаа до триумф од 3:0, а ако беа поефикасни, можеше победата да биде и повисока.

По големата победа, со статус се обрати и голманот на Вардар, Филип Гачевски:

„Браво мој Вардаре!!! Браво за моите соиграчи – фудбалери, браво за ракометарите!!! Газиме сe пред себе, а добро знаеме што зборуваа за нас… Па, баш ме интересира каде се сега душманите, тие најгласните???

Нема врска… За нас е на ред Шкедија, а јас знам едно – Шкендија сака репете. Ајде, ајде Вардареее!!! Никој ништо не ни може.“