Вчера, ФК Вардар продолжи со убедливите победи, во Маџари “падна” и екипата на Академија Пандев. Во еден одличен натпревар вардарци забележаа три бода со головите на Мицевски од пенал во првиот дел и двата на Брдаровски во вториот по одлични асистенции на Битанг во 74. минута и на Најдовски во 84.
