Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: Топката не ја мина гол линијата, во тоа сум сигурен
Гачевски: Топката не ја мина гол линијата, во тоа сум сигурен

Гачевски: Топката не ја мина гол линијата, во тоа сум сигурен

Тимот на Вардар денеска го забележа вториот пораз на контролните натпревари, подобар тим од Вардар беше Черноморец со 1:0. Најголемата прашина денеска се дигна по голот на противникот, јасно се гледа на видео материјалите дека гол немаше. По дуелот и Гачевски говореше за непостоечкиот погодок.

„Тоа не беше гол. Топката не ја мина гол линијата, во тоа сум сигурен. Најпрво и судиите не покажаа на центарот. Дури и самиот играч на Черноморец пријде и призна топката не влезе во голот. Сепак, арбитрите по долго размислување признаа гол. Не можевме да се помириме со таа одлука и реагиравме кај судиите. Им кажавме дека и самите играчи на Черноморец признаваат дека не е гол, но тие не ја сменија одлуката. За среќа станува збор само за пријателски натпревар чиј што резултат нема никакво натпреварувачко значење. И покрај тој гол, мислам дека денеска не заслуживме да загубиме затоа што бевме подобар тим од противникот, имавме повеќе од шансите, не искористивме и пенал.

Одиме понатаму, остануваат уште три натпревари на кои се надевам дека ќе оствариме победи. Најважно е низ овие мечеви да ја изградиме нашата игра и да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната, меѓутоа за нас и резултатите на овие контролни натпревари се важни“, изјави голманот на Вардар по натпреварот со Черноморец.