Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Успешно отварање на главната рунда од ЛШ, Мец падна пред Вардарки
Успешно отварање на главната рунда од ЛШ, Мец падна пред Вардарки

Успешно отварање на главната рунда од ЛШ, Мец падна пред Вардарки

Денес стартуваше  главната рунда од Лигата на Шампионите за екипата на ЖРК Вардар. Вечерва  во С.Ц. Јане Сандански гостуваше  екипата на Мец, нашиот црвено-црн колектив во овој дуел дојде до првата победа во новоформираната група. Девојките на Дибирова триумфираа со резултат 29-23 (15-9).

vardarfans-1

Дуелот почна со погодок за  нашите девојки, тие со голот на Лекиќ во 2.минута поведоа со почетни 1-0, на што гостите одговорија со погодок за 1-1.  Со третиот гол на Лекиќ за 5-2 првпат се одлепивме на комотни “плус три“ во 9.минута од натпреварот. Во 11.минута водевме со 6-3 што беше “аларм“ за клупата на французинките кои го искористија првото право на “минута одмор“.    Се играше гол за гол во продолжение, со наша предност од “три плус“, 9-6 влеговме во последните 10.минути од првиот период на овој прв дуел во 2018 во елитната лига. Следеа два, брзи едноподруго голови на црвено-црните девојки за предност 11-6, со кои првпат отидовме на пет позитива. Тоа придонесе за искористување на вториот тајм-аут на тимот на Мец во 21.минута од првиот период. Сепак нивниот “брод тонеше“ и понатаму, па со нови два лесни гола поведовме со 13-6 во продолжение. Полувремето лесно го приведовме кон крајот, на одмор заминавме со одлична предност, нашите девојки водеа по првите 30.минути водеа со 15-9.

vardarfans-3 vardarfans-4

Вториот дел го отворија гостинките со гол од пенал за намалување на 15-10, ние веднаш вративме преку Барбара Лазовиќ за водство со 16-10. Гостинките со мини серија 1-3 намалија на 17-13 во 4.минута во вториот дел.  Гостинките успеаа да намалат на 19-16 во продолжение, тоа беше аларм за Дибирова која побара тајм-аут во 10.минута од вториот период. Веднаш се извлековме од “безната“ и со три гола едноподруго поведовме со 22-16 во 14.минута со погодокот на Пенезиќ. Веднаш Мец побара тајм-аут за да ја сопре нашата серија и налет во кој бевме. Тоа им помогна многу па ние со нови два гола преку Цвијиќ во 19.минута поведовме со “осум плус“, 24-16 најавувајќи дека на дуелот ние ќе бидеме поуспешен тим.  Игравме смирено и умно во продолжение, во последните пет минути влеговме со предност на семафортот од 28-21. На крајот триумфиравме со резултат 29-23.

vardarfans-5

На нашиот гол Лејно беше фантастична и повторно “двоцифрена“, прв стрелец беше Цвијиќ со 7 гола,  Пенезиќ  постигна 6 погодока.