Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Цвијиќ: Најдобри сме во Европа!
Цвијиќ: Најдобри сме во Европа!

Цвијиќ: Најдобри сме во Европа!

Ракометарките на Вардар продолжуваат со одличните партии и победи, нова ракометна “жртвa” овој пат беше Мец од Франција. Нашите девојки рутинирано го добија овој натпревар со резултат 29-23 (15-9).

По натпреварот на прес – конференцијата задоволни од прикажаната игра и победата беа тренерот Дибирова и Цвијиќ кои истакнаа:

Горда сум на оваа екипа. Во последните два месеци иако небевме заедно одигравме еден натпревар на ниво. Треба така да продолжиме, најдобри сме во Европа. Благодарност и до публиката што ни ја разубави оваа вечер. Сакам вака да биде и против Будуќност, па дури и подобро. Уживање е да се игра пред полни трибини“; вели Цвијиќ.

Сакам да и честитам на мојата екипа одигравме доста добро. Но, и покрај одличната игра имавме грешки кои мора да ги намалиме во иднина. Одиме понатаму и го чекаме наредниот меч против Битихајм. Одбраната е клуч за победите на нашите мечеви, ама и нападот секако” ; вели Дибирова.