Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: Свесни сме дека сме на чекор да направиме историја, да играме групна фаза на Лигата на шампионите или Лигата на Европа
Гачевски: Свесни сме дека сме на чекор да направиме историја, да играме групна фаза на Лигата на шампионите или Лигата на Европа

Гачевски: Свесни сме дека сме на чекор да направиме историја, да играме групна фаза на Лигата на шампионите или Лигата на Европа

Вардар успеа да излезе како победник, на првиот натпревар од третото квалификациско коло во ЛШ, против екипата на Копенхаген. Само еден гол го реши овој натпревар, кој го постигна Боарето во 65 минута од мечот, за значајна предност од 1:0, пред реваншот во Данска. Црвено-црните мирно ја чекаа својата шанса и тактички го надмудрија противникот, кој не создаде некои посериозни прилики. Одличен на голот и на вчерашниот дуел, беше нашиот чувар на мрежата, илип Гачевски, кој не дозволи да биде совладан, а со тоа му обезбеди добар резултат на својот тим на овој прв натпревар, од двомечот против шампионот на Данска. За победата против Копенхаген, Гачевски го изјави следново:

-Првиот дел од битката ни припадна нам, но сега не чека вториот дел во Данска. Сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи кои беа наш 12. играч, имавме феноменална поддршка во текот на целиот меч. Првичната цел е остварена, постигнавме гол, а не примивме и сега не чека голема борба во Копенхаген. Свесни сме дека сме на чекор да направиме историја, да играме групна фаза на Лигата на шампионите или Лигата на Европа. Најважно е тоа што се договоривме го остваривме, во Копенхаген ќе се чека голем притисок од домашниот тим. Најбитно е да се одмориме, да излеземе со ладни глави и да покажеме како се бранат боите на Вардар и на Македонија.