Копенхаген иако се сметаше за фаворит, не успеа да излезе како победник, на првиот натпревар против Вардар. Данците го загубија мечот, минимално со погодокот на Балотели. Сега следува реванш во Копенхаген, кој се игра на 2-ри август, на арената “Телиан Паркен„ . По поразот од Вардар, тренерот на противникот, Солбакен изрази незадоволство од прикажаната игра на неговиот тим, со надеж дека може да ја анулира негативата, на реваншот пред својата публика.
-Вардар беше подобрата екипа, на овој прв натпревар во третото квалификациско коло. Имаше четири шанси, а ние имавме две. Но, ова е само прво полувреме од овој двомеч. Сепак ништо не е готово, што се однесува до патникот, во следната рунда. Вардар со ништо не не изненади. Ние очекувавме повеќе од нас, но целосно потфрливме. Играчите не се составуваа добро со топката, правеа невообичаени грешки. Но, не се големи грешки, ќе гледаме да ги поправиме на реваншот, на домашен терен.