Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седлоски: Честитки до моите играчи и публиката, која вечерва беше наш 12-ти играч
Седлоски: Честитки до моите играчи и публиката, која вечерва беше наш 12-ти играч

Седлоски: Честитки до моите играчи и публиката, која вечерва беше наш 12-ти играч

Падна и Копенхаген пред црвено-црните момци и херои. Вардар со предност од 1:0 ќе патува на реваншот во Данска, откако вечерва на арената “Филип Втори„ ја победи екипата Копенхаген. Моментот на одлука се случи во 65 минута кога Балотели успеа да го матира голманот на противникот и да донесе голема радост за Вардарци. До крајот можевме да го зголемиме резултатот, но сепак и оваа е добар резултат за нашиот состав. По завршување на дуелот, на прес-конференцијата пред медиумите се обрати, шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски, кој искажа задоволство од играта и резултатот на својот тим.

-Честитки до моите фудбалери, честитки до публиката која вечерва беше наш 12. играч. Мислам дека победата е сосема заслужена, она што го барав од моите фудбалери, тие го одработија. Имавме три-четири шанси, но на крајот противникот можеше да не казни со една шанса која ја креираше во текот на целиот меч. Не треба да летаме во облаци, одиме со кренати глави и на реваншот. Сакаме таму да дадеме гол, нема да се браниме.