Филип Гачевски засега е најголемата трансфер ,,бомба” во зимскиот преоден рок. Екс капитенот на ,,црвено – црните” се врати во клубот и со самото негово враќање ги подгреа амбициите на Вардар за експресно враќање во Првата лига, но и за тоа дека покрај него во тимот ќе дојдат уште неколку играчи од онаа шампионска генерација.
Гачевски само што дојде во Вардар, стана и играчот со најголема вредност. Според www.transfermarkt.com, неговата моментална вредност е проценета на 300.000 евра, со што убедливо е на првото место.
Гачевски до овој момент има запишано 134 официјални натпревари во дресот на Вардар.