Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Вардаровите младинци финишираа на првото место во есенскиот дел
Вардаровите младинци финишираа на првото место во есенскиот дел

Вардаровите младинци финишираа на првото место во есенскиот дел

Младинците на ФК Вардар успеаа да финишираат на првото место во есенскиот дел од сезоната. Поради касниот почеток на сезоната во младинските фудбалски лиги, временските услови дозволија да се одиграат само десет кола, и тоа не комплетни десет кола за сите екипи. Вардар ги одигра сите десет натпревари на кои забележа 9 победи и само 1 пораз. Единствениот загубен натпревар беше во рамките на 3.коло кога на домашен терен бевме поразени во дербито од екипата на Шкендија. После тој натпревар момците на Бабунски не знаеа за ништо друго, освен за победи. Нашите младинците го имаат и најдобриот напад со 35 постигнати голови, додека одбраната прими само 7 голови.

Вака изгледаат резултатите за вардаровите младинци во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Брегалница  5:о

2 коло: Кул – Вардар  1:2

3 коло: Вардар – Шкендија  0:1

4 коло: Работнички – Вардар  0:2

5 коло: Вардар – Скопје  5:0

6 коло: Вардар – Њу Старс  5:2

7 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  1:8

8 коло: Вардар – Шкупи  3:0

9 коло: Академија Пандев – Вардар  2:4

10 коло: Вардар – Пелистер  1:0

На табелата, Вардар е прв со 27 освоени бодови пред екипата на А.Пандев која има 21 бод, но и натпревар помалку за одигрување. Вака изгледа табелата во младинската Супер лига.

mladinci