Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски со полн интензитет се подготвува за новата сезона
Завировски со полн интензитет се подготвува за новата сезона

Завировски со полн интензитет се подготвува за новата сезона

 Како што веќе објавивме нашиот атлетичар, Петре Завировски имаше одлична сезона. Сезона во која се доближи до најдоброто од себе. Негова последна трка беше на 1 декември. Од тогаш тој ги започна подготовките за својата 13 професионална сезона во дресот на Вардар.

.

Своите подготовки ги одработува тивко без особено привлекување на внимание далеку од очите на јавноста на периферијата на градот во родното Миладиновци. За сезоната која доаѓа вардарецот има високи амбиции за подобрување на своите најдобри времиња во кариерата. Тренира во полн интензитет по 2 пати дневно на неделна ниво од 140 до 160 километри. Како што претходно објавивме во периодот на подготовки има соработа со веќе докажани имиња во спортот со кои соработката се продлабочува. Завировски е задоволен од досега сработеното од обемот и интензитетот на тренинзите.

petre-3

.

Структурата на програмата е изработена од Мике Роно која е приспособена со мали или малку поголеми корекции за да одговара на нивото на нашиот атлетичар во соработка со тренери и докажани спортисти. Мотивацијата на вардарецот е неспорна, апетитите за следната сезона растат. Во споредба со подготовките за минатата сезона во овој период од годината Завировски е за можеби 30% подобар. Има најави дека сезоната на нашиот атлетичар ќе започне кон средината на февруари. Тоа би било првот тест на неговата форма. Дефинитивно посакуваме ова да биде сезона од соништата на човекот кој во ниту еден момент не го сврте грбот на Вардар