Во последното есенско коло, пионерите на РК Вардар гостуваа кај екипата на РК Металург. Момците на Зоран Петковски-Зенга кои прва сезона настапуваат заедно дојдоа до нова победа. Пионерскиот тим на пауза ќе замине на 2.позиција на табелата по оваа четврта победа есенва, ние ги добивме сино-белите со резултат 21-31.
Двата тима отворија со по еден гол за почетни 1-1, се играше рамноправно се до 4-4 на оваа пионерска средба во Автокоманда. Вардаровиот тим влезе во препознатливиот ритам особено во одбраната, каде што е наш посилен дел. Влеговме во серија па се одлепивме на плус пет, односно поведовме со 6-11. Го контролиравме дуелот постојано ја зголемувавме предноста, на одмор заминавме со шест гола повеќе.
За време на паузата на семафорот во салата „Автокоманда“ беше 7-13 за момчињата во црвено-црна комбинација. Во вториот дел нашиот налет не престана, продолживме со зголемување на предноста па отидовме на недостижна, двоцифрена разлика кога некаде пред средината на вториот период поведовме со 11.гола повеќе ( 10-21). Се до крајот беше формалност Петковски даде шанса на поголем дел од ростерот, домаќинот не можеше да ја загрози нашата двоцифрена предност, победата дојде со резултат 21-31.
Кај нас прв стрелец беше Божиновски Јован со 6.гола, Петар Илиевски и Никола Нечовски имаа само гол помалце, односно погодија по 5.пати. Матеј Тевдовски ја затресе мрежата во 4.прилики, пет момци имаа по два гола: Матеј Новаковски, Стефан Лазаревски, Лука Најдовски, Столески Ангел и Томислав Стаменов. Еднаш успешен како стрелец беше и Димитар Брзачки.