Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар ја започнува одбраната на титулата против Пелистер
Куглање: Вардар ја започнува одбраната на титулата против Пелистер

Куглање: Вардар ја започнува одбраната на титулата против Пелистер

Минатиот викенд конечно започна новата сезона од Македонската кугларска лига, во 1.коло од сезоната 2021/2022 година, црвено-црните беа слободни поради непарниот број на тимови учесници во лигата.

КК Вардар е актуелен шампион на Република Македонија, изминатата сезона по 19.години го симна од тронот тимот на Макпетрол, па оваа сезона ќе се обиде да ја брани титулата. Во првиот дуел за нас ја пречекуваме екипата на КК Пелистер 1982 од Битола.

Натпреварот  е закажан за во сабота (25.декември) со почеток во 11-00 часот. Ние нашите домашни средби како и изминатите сезони ќе ги играме во кугланицитата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје.