Кадетките на ЖРК Вардар, предводени од Платон Анжела и Папуџиева Марија се есенски шампиони во својата група. Девојките имаат пет одиграни кола и победи над: Ѓорче Петров, Илинден, Металург, Куманово и РК Шампион.
.
Со максимални 15.бода сме први на табелата, овој тим за кој имаме само пофалби, истиот покажа дека тренерскот двоец создава карактерни ракометарки кои играат како едно на мечевите. Заминаа шест имиња оваа есен, две до три девојки постојано фалеа поради повреди, дојдоа нови сепак тимот не го изгуби духот и повторно има „шампионски танц“ во својата конкуренција.
Во есенскиот дел на пет одиграни натпревари, погодивме во противничките мрежи 144.пати, или во просек на кадетските средби даваме речиси 29.голови по одигран дуел. Во нашата мрежа завршија 105.погодока, нашата одбрана и голманите „дозволуваат“ само во просек 21.гол во нашата мрежа по одигран дуел.
Девојката која доби шанса и во сениорската лига, крилото Радевска Бојана ова есен е најефикасен играч на црвено-црните кадетки со 20.гола. Зад неа е Максимовска, нашиот бек има само гол помалку, топ-3 сегментот го заокружуваа Стојанова Сара која стрелаше 18.пати оваа есен.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ, КАДЕТКИ ЕСЕНСКИ ДЕЛ:
.
1.Радевска Бојана 20 гола
2.Максимовска Наталија 19 гола
3.Стојанова Сара 18 гола
4.Ангелова Теодора 16 гола
5.Маринчов Миа 14 гола
6.Коцева Борјана 13 гола
7.Попова Нина 11 гола
8.Миланова Андреа 10 гола
9.Тошевска Магдалена 7 гола
10/11.Коцева Бојана 5 гола
10/11.Велјановска Михаела 5 гола
12.Шехтанска Ангела 4 гола
13.Крагељ Мила 2 гола
Голманките се одлични, тие имаат над 41% сопрени топки оваа есен. По заминувањето на тренерот на голмани тие работат квалитетно и на високо ниво и со Платон и Папуџиева, тоа се рефлекира на високиот број на одбранети топки. Ѓорѓиевска Вероника која бранеше за сениорите и на меѓународните дуели собра 50-сетина одбрани, радува што младата Ѓорѓиева Тамара има евинентен напредок под воството на тренерскиот двоец на кадетки:
1.Ѓорѓиевска Вероника 51 одбрана
2.Тамара Ѓорѓиева 24 одбрани