Преземено во целост од официјалната страница на женскиот одбојкарски клуб „Вардар ЕМ“:
Девојчињата од нашиот клуб изразија желба во овие предновогодишни денови да направат добро и хумано дело и да израдуваат повеќе дечиња.
За таа цел претставници од нашиот клуб денес беа во посета на ЈУ “Дом за деца 11-ти Октомври-Скопје” и подарија новогодишни пакетчиња за секое дете.
Голема благодарност до вработените во домот,особено до Ивана Владимирова која многу се потруди околу нашата посета,а и останатите кои навистина прекрасно не прифатија и дозволија да бидеме дел од нивната детска приказна.Убаво беше да се видат насмевките и задоволството на тие детски лица кои денес беа со нас.
На дечињата им посакуваме среќни и весели новогодишни празници,многу здравје и успеси на секое поле во годината која што следи и што полесно да ги пребродуваат препреките во животот кои што ги очекуваат.
Можеби не е многу,но со сигурност знаеме дека е дадено со многу љубов од децата за децата