Помладите пионери на ФК Вардар завршија на првото место на табелата после крајот на есенскиот дел. Вардарци го имаа најдобриот напад во лигата со вкупно 31 постигнат гол, а како најдобар стрелец на Вардар во овој дел од сезоната се покажа Давор Лефковски кој постигна 6 голови.
1. Давор Лефковски -6
2. Дарко Сековски и Нуман Ајетовиќ -4
3. Марко Николовски, Матеј Анастасов и Михаил Танчев -3
4. Андреј Величковски и Алтин Нурединовски -2
5. Драган Јанкоски, Стефан Коловски, Мирза Хасиќ и Михаил Николов -1
Лефковски се наоѓа на високото второ место на листата на најдобри стрелци во помладата пионерска Супер лига, пред него е само играчот на Њу Старс, Кристијан Галевски кој има 9 погодоци.