На првиот тренинг во Малме, играчите на Вардар беа пријатно изненадени од присуството на Гајур Садики. Тој ги посети Вардарци и им даде поддршка во пресрет на утрешниот натпревар, против шампионот на Шведска. Садики е поранешен играч на ФК Вардар, кој моментално живее и работи во Малме.
Вардар по пристигнувањето во Шведска одработија полесен тренинг, а главниот се очекува да биде вечерва и тоа на “Сведбанк“ арената, каде утре од 19 часот ќе се одигра натпреварот, помеѓу Малме и Вардар