Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борозан доби благодарница, од градоначалникот на Цетиње

Борозан доби благодарница, од градоначалникот на Цетиње

vardarfans-borozan

Вуко Борозан е гордоста на Цетиње. Играчот на Вардар доби благодарница од градоначалникот, Александар Богдановиќ за придонесот во спортот и успешното представување на градот. Борозан со Вардар имаше успешна сезона, каде успеа да освои четири трофеи, од кои еден беше во лигата на шампионите. Богдановиќ му го честиташе големиот успех, со напомена дека трудот и упорноста секогаш ја остваруваат целта. Вуко со репрезентацијата на Црна Гора се пласираше на Европското првенство, кое следната година ќе се одигра во Хрватска.