Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Кристијан Ангелковски: Преминувањето во Вардар Јуниор беше голем предизвик, мојата младост и мотивираност ми овозможија брзо да се вклопам во новиот тим
Кристијан Ангелковски: Преминувањето во Вардар Јуниор беше голем предизвик, мојата младост и мотивираност ми овозможија брзо да се вклопам во новиот тим

Кристијан Ангелковски: Преминувањето во Вардар Јуниор беше голем предизвик, мојата младост и мотивираност ми овозможија брзо да се вклопам во новиот тим

Кристијан Ангелковски е првиот ракометар, кој со само 15 години успеал да заигра за вториот тим на РК Вардар. Минатата сезона, тој беше дел од составот кој го предводеше Стојан Петрушевски, кој се натпреваруваше во најсилната супер лига. Кристијан во Вардар Јуниор, премина од кадетската екипа на црвено-црните и настапува на позицијата пикер. Со Вардар Јуниор успеа да обезбеди опстанок во лигата и во новата сезона ќе го гледаме во супер лигата. Во следново интервју ве запознаваме Ангелковски, кој ќе влезе во историјата на клубот, како најмлад играч кој играл за вториот тим на РК Вардар.

1. На колку години започна да тренираш ракомет, како се случи да се одлучите за овој спорт и од каде потекна желбата за ракомет ?

-Мојата желба за ракомет беше огромна. Уште како мал сакав да се занимавам со екипен спорт го осетам подот на теренот, да ја почуствувам возбудата, а пред се да се дружам со другарите од својата возраст. Мојот почеток беше на 7 години кога започнав во прво оделение. Училиштето во кое учев нудеше повеќе спортови со кои можевме да се занимaваме рекреативно, но јас сепак се одлучив за ракометот.

2.Кој е вашиот прв клуб каде започнавте да тренирате и кој беше првиот тренер со кој имавте можност да работите.

-Мојот прв клуб беше РК Аеродром, кој ќе го паметам цел живот. Мојот прв тренер беше Горан Стојков, кој ме научи на првите чекори и ме воведе во основата на ракометот. Во овој клуб бев најмлад играч. Тренерот Стојков напорно работеше со сите нас. Благодарен сум што од мене пред се постави основа да се развивам како правилна личност, да живеам со спортски дух и во целост да го влезам во екипниот спорт.

3. Кои се младински категории на РК Вардар ги имате поминато, со кои тренери работевте и какви резултати постигнавте.

-РК Вардар е мојот втор дом. Ние бевме првиот тим кога Вардар започна да работи со млади категории. Ми беше особена гордост што станав дел од големото вардарово ракометно семејство. Во кадетската екипа тренер ми беше Слободан Чивлачки. Со овој тим учествуваме на многу меѓународни натпревари каде секогаш се враќавме со медаља. Со овој тим освоив второ место во македонската лига. Исто така стекнавме големи искуства и покажавме одлична екипна игра.

vardar-junior-rabotnichki-plej-aut-29-05-2017-127101

4. Минатата сезона бевте прекомандуван од кадетската екипа во екипата на Вардар Јуниор.  Како се случи да дојдете во Вардар Јуниор, кој прв ви ја соопшти оваа вест за вашето преминување во вториот тим на Вардар ?

-Ова беше најголемото изненадување за мене и воедно најголемата среќа. Ми се јави тренерот Стојан Петрушевски, кој ми ја соопшти веста. За неколку дена заминав на подготвителен карантин со новиот тим. За мене преминувањето во РК Вардар Јуниор беше голем предизвик. Би сакал да истакнам дека бев и сеуште сум најмлад играч кој со неполни 15 години заигра во РК Вардар Јуниор. Мојата младост и голема мотивираност ми овозможија брзо да се вклопам во новиот тим, кој беше составен од неколку генерации. Особено би сакал да се заблагодарам на моите соиграчи кои целосно ме прифатија во тимот и ми ја дадоа нивната поддршка.

vardar-junior-metalurg-2-superliga-10-03-2017-115161

5. Имавте можност цела сезона да работите со тренер како Стојан Петрушевски, кој има долга тренерска кариера. Како го опишувате како тренер и колку досега научивте од него ?

-Тренерот Стојан Петрушевски е прекрасна личност. Тој ја забележа мојата игра на теренот и неколку пати ме повика во неговиот тогашен тим на проба. Секогаш ми викаше “ајде мали ти можеш повеќе“. Минатата година, кога ми се јави дека преминувам во РК Вардар ми рече, “е сега ќе имаш можност да ги покажеш твоите квалитети“. Морам да кажам дека во почетокот имав исклучителна голема помош од тренерот кој веруваше во мене и знаеше дека со моите 14 години влегувам во дуел на терен со играч кој е многу постар од мене. Ме советуваше за стрпливост, истрајност, ја потикнуваше мојата мотивација и често пати кога мислев дека нема да издржам во некоја вежба тој велеше, “Киксер ти го можеш тоа“. И навистина така беше. Со советите на мојот тренер успешно ги совладав многу пречки. Тој ми е како втор родител. Многу често ме повикува на разговори послем тренинг и заедно разговараме за проблемите со кои се соочував. Тој е искучително добар психолог.

6. Во сезоната која помина обезбедивте опстанок во најсилната супер лига со РК Вардар Јуниор. Како ја оценувате сезоната со оваа екипа и дали мислиш дека тоа беше максимумот од тој млад состав.

vardar-junior-metalurg-2-superliga-10-03-2017-115111

-Ние бевме многу млада екипа која беше составена од играчи од три тима. Ни беше потребно време да се запознаеме карактерно меѓу себе и да ја запознаме играта помеѓу себе. Како поминуваа натпреварите бевме се повеќе уиграни и на крајот се покажавме како успешен тим.

7. Дали Кристијан има желба или цел која сака да ја оствари во иднина ?

vardar-junior-rabotnichki-plej-aut-29-05-2017-127131

-Мојата животна желба е да влезам во првиот тим на Вардар. Многу сум среќен што Вардар работи со нас, младите таленти и ни дава се повеќе можност да се покажеме на терен. Тоа е доказ дека тие веруваат во нас. Јас целосно се посветив на ракометот. Моето школување го адаптирав согласно потребите на клубот. Се школувам во приватното училишиште High international school, кој целосно ми излегоа во пресрет и ја усогласија програмата согласно моите потреби. Во врска со мојата желба. Да, мојата желба е да бидам врвен ракометар и да бидам дел од Вардаровото семејство. Верувам дека истата ќе ми се исполни.

Звонко Ивановски