Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ го постигна голот на сезоната во ЛШ, место во најдобрите десет има и за Чупиќ и Дибиров
Циндриќ го постигна голот на сезоната во ЛШ, место во најдобрите десет има и за Чупиќ и Дибиров

Циндриќ го постигна голот на сезоната во ЛШ, место во најдобрите десет има и за Чупиќ и Дибиров

Изминатата сезона беа постигнати вкупно 11.083 голови во лигата на шампионите, каде Вардар стана нов шампион на Европа. ЕХФ направи избор на најдобрите десет погодоци, во кои имаше место дури за тројца ракометари на европскиот шампион. Голот на сезоната во најголемото ракометно натпреварување го постигна Лука Циндриќ, во полуфиналето против екипата на Барселона, кога со неговиот погодок во последните секунди се пласиравме во големото финале. На петтото место, според изборот се најде голот на Иван Чупиќ против ПСЖ, кој ни донесе титула, додека место во потесниот избор имаше и за Тимур Дибиров, кој го има деветтиот најубав гол и тоа во дуелот против Фленсбург, на гостински терен.

Ова се десетте најубави погодоци во ЛШ за сезоната која помина.