ФК Вардар генерација 2002 е четвртата црвено-црна екипа во финалето во детската лига. Генерацијата 2002 вчера со одлична игра и двете победи во четвртфиналето, а потоа и во полуфиналето обезбеди место во големото финале кое ќе се игра во вторник во 11-30 часот на терените на ФФМ. Вчера бевме подобар колектив од Брегалница и Гостивар кои ја видоа нашата вардарова сила. Во финалниот меч ќе се сретнеме со Академија Пандев тим кој во полуфиналето победи со Шкендија со 1-0.
