Вардар фанс зимово први ви го најавија преминувањето од Маџари Солидарнос на засилувањето за црвено-црниот пионерски фудбалски состав, младиот голман Мето Велковски. Знаејќи ги неговите квалитети како голман од претходниот тим си земавме за право да го најавиме како големо засилување за нашата екипа и не погрешивме. За кратко време односно за една полу-сезона Мето си обезбеди стандардно место помеѓу стативите во младинските екипи на Вардар, а имаше и репрезентативен повик во меѓувреме. Тој ни кажува како се снајде во пионерската екипа со која освои веќе во првата сезона “двојна круна“ , и како се адаптираше и како оди работата со тренерот на голманите, негов ментор поранешниот голман на ФК Вардар Љупчо Кметовски.
Искрено мислев дека ќе имам тешкотии на самиот почеток, но со верба во своите квалитети се прилагодив во новата екипа на ФК Вардар и го профатив стилот на играта на екипата која ја преферираше мојот тренер Сашо Тодоровски. Во врска со тренерот Љупчо Кметовски премногу сум задоволен од неговиот пристап кон самите тренинзи. Благодарение на него можам многу да напредувам во својата понатамошна кариера, има што да се научи од една таква голманска македонска величина како што е тој Со многу заедничка работа, мој труд и негова стручност мислам дека ќе успееме во заедничките напори и цели.
Мето заедно со својте врсници од пионерската екипа успеја за само неколку месеца да се закити со две круни: Шампионската во Купот на Македонија и од пред неколку дена и со титулата во првенството. Тоа е навистина голем успех за еден спортист, навистина ретко кој може да се пофали со таков успех и одличја за краток временски интервал.
Да кратко сум во црвено-црниот состав и морам да признаам дека не очекував дека толку брзо ќе се крунисаме со две титули што за мене тие значат мотивација плус за понатамошна работа. Мило ми е што овој пионерски состав на фудбалскиот клуб Вардар освои две круни, бидејќи има ентузијазам, хемија, дух во оваа екипа. Јас во наредната сезона очекувам да влеземе максимално мотивирани за нови победи и титули во вардаровиот дрес. Исто така очекувам да ги одбраниме двете круни во нашата категорија во која ќе настапиме оваа фудбалска есен. – изјави Мето Велковски за нашиот сајт.
MИХАЈЛО ТУШЕВСКИ