Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Кристијан Галевски: Во новата сезона со мојата генерација очекувам да го постигнеме тоа што не можевме изминативе три сезони, да ја освоиме шампионската титула
Кристијан Галевски: Во новата сезона со мојата генерација очекувам да го постигнеме тоа што не можевме изминативе три сезони, да ја освоиме шампионската титула

Кристијан Галевски: Во новата сезона со мојата генерација очекувам да го постигнеме тоа што не можевме изминативе три сезони, да ја освоиме шампионската титула

Како медиум кој ги прати младинските категории на ФК Вардар и известува за истите, продолжуваме исто така стандардно со промоција на младите играчи, кои се дел од Академијата на Вардар. Во следново наше интервју ќе ве запознаеме со Кристијан Галевски, кој настапува за генерацијата родени “2006“ година. Се работи за играч кој игра во дефанзивната линија, знае да одигра и како стопер и како бек, а изминатава сезона на некои натпревари можевме да го видиме и како заден везен играч. Беше важен дел од успесите на оваа генерација која ја предводеше Сашо Јанев, кои освоија второ место на завршниот турнир во детската лига и освоија неколку меѓународни турнири. Во сезоната која помина, Кристијан успеа да постигне и десет голови.

37325450_2224625424221572_6945723490779529216_n

1. Од каде желбата за фудбал и зошто се одлучивте баш за овој спорт ?

-Моите први почетоци со фудбалот се од кога паметам за себе. Во моето маало во Скопје, во маалото кај Дедо ми и Баба ми, на ливадите во Лазарополе, на планината Бистра каде го поминувам распустот и празниците, секогаш играв фудбал. Татко ми секогаш вели “од кога се роди си со топка, до ден денес“. Мислам дека никогаш не се одвојувам од неа.

2. Кога беа вашите први почетоци во фудбалот, на колку години го имавте првиот тренинг, во кој клуб и кој беше првиот тренер кој ве научи на почетоците во овој спорт ?

69

-Првиот сериозен почеток со тренинзи и запознавање со фудбалската игра беа во фудбалската школа на ФК Работнички. Мојот татко ми кажува дека кога сме оделе со пријателите во Парк, не сум се одвојувал од мрежата на игралиштето во Градски парк и не сум сакал да продолжам на прошетка и само сум сакал да ги гледам фудбалерите (тогаш академијата на ФК Вардар не постоеше, беше разрушена, се градеше). Првиот тренинг го имав на шест годишна возраст и првиот тренер што ме воведе во основите на фудбалската игра беше Зоран Петковски- Штрбац, кој сега и тој е дел од фудбалскиот клуб Вардар. Со него имав прекрасно искуство но за жал само една година. Потоа тој премина во ФК Вардар, а јас уште три години останав во ФК Работнички. За жал условите во Работнички почнаа да одат во надолна линија. На препорака на еден пријател на татко ми, кој инсистираше да ги продлабочам фудбалските вештини, ме запишаа и во фудбалската школа Форца, кај тренерот Јовче Џипунов. Напоредно ги посетував тренинзите и во двата клуба. Мислам дека најголема улога во мојот развој во тој период имаше тренерот Јовче Џипунов, заедно со неговата екипа (Тренерите Гоце и Лучо). Се што совладав технички мислам дека ми е од кај него. Неговите тренинзи и пристап кон работата се она вистинското. Им посакувам се најдобро во работатата, соработуваат и со ФК Вардар како школа, се гледаме, се натпреваруваме во детската лига. Никогаш нема да го заборавам времето поминато кај нив.

37383007_2224619457555502_6146048533574189056_n

3. Како се случи да преминете во Вардар, кој беше “виновникот“ за вашето доаѓање во најголемот македонски клуб ?

-Виновник за моето доаѓање во Вардар е тренерот Павел Неделковски. Тој ме познава од многу одамна и во времето кога беше координатор на академијата на ФК Вардар посакал да дојдам во Вардар и истото му го соопштил на тренерот Џипунов. Тој неколку пати ме советуваше и по еден разговор со татко ми му предочил дека за мојот понатамошен развој бидејќи сум ја надраснал средината во која трениравме во Аеродром (трениравме на мал терен), најдобро е да одам во ФК Вардар, дека координаторот ме бара и сака да ме види во нивните редови. Така дојдов тука во најтрофејниот клуб во Р.Македонија, и веднаш со започнувањето на пролетната полусезона бев приклучен во работата со генерацијата 2006 год. кај тренерот Филип Арсовски. Од тогаш до денес гордо го носам дресот на ФК Вардар.

4. Вие сте единствената генерација која последните три сезони, од кои во две настапувавте и вие, не успеавте да стане шампион на Македонија. Што сметаш дека ви недостасуваше и ви беше потребно да ги добиете токму тие завршни финални натпревари ?

vardarfans-naslovna6-660x330

-Јас играв на две финалиња и не ги освоивме за малку, иако во регуларниот дел од сезоната ги добивавме повеќето натпревари, а нив редовно ги победувавме. Не знам, можеби повеќе соработка помеѓу играчите. Потребно е повеќе да додаваме, повеќе да комуницираме во текот на натпреварот, да се бодриме меѓусебно. Јас фудбалската игра ја гледам колективно со учество на сите во утакмицата од голманот до напаѓачите. Сите имаат своја улога и секоја алка во системот е битна. Ќе биде потребно дел од фудбалерите да ги остават влијанијата од страна и повеќе да играат колективно за потребите на тимот. Следната сезона сигурно ќе победиме, и ќе ја освоиме шампионската титула во детската лига, ви ветувам, ќе ги израдуваме сите навивачи на ФК Вардар и на генерација 2006 год.

5. Кои се услови треба да ги исполнува еден млад играч, за во иднина да стане квалитетен фудбалер ?

-Според мене, за да станеш голем играч најпрво треба да имаш талент и треба да тренираш секојдневно ( јас освен кога сум болен или физички спречен, никогаш не сум пропуштил тренинг) ,здравата исхрана исто така е многу битна, и да се учи и да се слушаат родителите. Тие се моите најголеми подржувачи. Само упорност и желба. И секако “глад“ за победа. Најубаво се чувствувам кога ќе победам. Не сакам да губам. Мислам дека тој што ги поседува овие квалитети не може, а да не успее и да стане голем играч, спортист и пред се човек.

6. Имавте можност со вашата екипа да настапите на неколку меѓународни турнир, од кои некои и ги освоивте. Кој од нив ќе го издвоите како најсилен ?

37291726_2224625464221568_4768816645332271104_n

-Јас настапував за ФК Вардар на пет меѓународни турнири од кои три од нив ги освоивме. Најквалитетен и најсилен турнир беше турнирот во Сандански- Р.Бугарија. Таму се соочивме со шест квалитетни екипи. Првиот натпрвар го одигравме со ЦСКА Софија и победивме со резултат 2:0. Победи се редеа и со Добростил Софија 4:0, Пирин Сандански 2:0, четвртфинале со Пирин Благоевград 5:0, Полуфинале со Локомотив Софија 6:0. Во финалето се сретнавме со екипата на Витоша 13 од Софија која ја совладавме со 2:1 и јас го дадов голот за победа кој се покажа за конечен. Тој ми беше најдобриот гол во кариерата и најдрагиот досега.

7. Дали може да ни направите споредба на условите за работа и тренинг, кога трениравте во Работнички и сега во Вардар ?

-Условите во Академијата на ФК Вардар во споредба со Работнички се многу поразлични. Условите се прекрасни, имаме големо фудбалско игралиште за тренинг што е најбитно за голем фудбал, исто така има и преубави соблекувални кои на мене лично премногу ми значат во поглед на хигиена, топла вода, тушеви и сл. Подобро е организирано, секогаш имаме свој термин за тренинг, играме повеќе натпревари, одиме на повеќе меѓународни турнири.

37289231_2224625217554926_467683794929844224_n

8. Што може да очекуваме од вашата генерација во новата сезона, дали може да се стигне до посакуваниот трофеј ?

-Да, секако во новата сезона со мојата генерација очекувам да го постигнеме тоа што не можевме три сезони, да ја освоиме шампионската титула. Се надевам на тоа и силно го посакувам.

9. Дали Кристијан има некоја желба, или цел која сака да ја оствари за во иднина ?

-Мојата желба и цел е да станам врвен фудбалер и да заиграм за првиот тим на ФК Вардар и со нив да освојувам титули. Понатака се зависи од Господ. Би сакал да играм и за некој од големите европски клубови како што се Барселона, Реал Мадрид и др. и да се натпреварувам во некое големо европско натпреварување. Исто така и ако заиграм за репрезентацијата на Р.Македонија, би ми било голема чест. Но, ќе видиме. Времето ќе покаже.

Звонко Ивановски