Младинската екипата на ФК Вардар го одигра првиот контролен натревар во подготвителниот период. За противник го имавме првиот тим на Тетекс од Тетово, од кој загубивме со резултат 2:0, со два погодоци во првото полувреме. Овој меч се одигра на теренот, во населбата Јане Сандански.
Тренерот Андовски стартуваше со следните 11-сетмина: Велковски, Антовски, Наумчески, М. Младеновски, Радевски, Ѓорѓиески, Пешевски, Реџепи, Јусуф, Велковски, Колевски.
Во игра влегоа уште и Андов, Благојевиќ, Петковски, Ибиши, А. Младеновски, Димоски.
Младинците на Вардар тренираат два пати дневно. Утринскиот тренинг е на теренот во Аеродром, додека вечерниот се одвива на Академијата.