Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Први “главоболки“ за Парондо, голманот Ѓорѓески надвор од стројот идините три месеца
Први “главоболки“ за Парондо, голманот  Ѓорѓески надвор од стројот идините три месеца

Први “главоболки“ за Парондо, голманот Ѓорѓески надвор од стројот идините три месеца

Стартот на сезоната како прв тренер на црвено-црниот ракометен колектив за  Роберто Парондо ќе биде одбележан со еден пех. Тој на располгање ќе има само два голмана, македонецот на вардаровиот гол, Даниел Ѓорѓески  нема да биде во комбинација се до  ноември.

Причина за ова отсуство од росерот е тоа што младиот голман на  крајот на минатиот месец направил операција на коленото. Тој имаше   стара повреда, од пред година  кога тој се повреди на натпревар од регионалната  СЕХА-лигата. Нашиот тим на  располагање ќе има само двајца голмани, српското дуо Страхиња Милиќ и Дејан Милосављев ( за кој сеуште се чека официјална потврда). Според планот  подготовките за новата сезона ги започнуваме  на 24 јули  со собирот во СЦ „Јане Сандански”.