На Вардар вечерва му треба поддршка, му требаат полни трибини. Затоа вечерва дојдете на стадион, и сите заедно да навиваме за нашиот тим да обезбеди учество во следната рунда. Билетите се веќе во продажба по цена од 100 МКД на билетарницата на Националната Арена и он-лајн на www.ticketplus.mk
Уште еднаш апелираме за фер и коректно навивање од трибините, без извици на национализам и расизам, и без фрлање предмети од трибините, како и користење на разни пиротехнички средства. Да го заштитиме тимот од строгите санкции на УЕФА и само со спортско навивање да му помогнеме на најдобркиот македонски клуб да остане што подолго на меѓународна сцена и оваа година, се вели во соопштението на ФК Вардар.