Попладнево со убедлива победа над екипата на ФК Бутел Скопје тимот на ФК Вардар генерација родени 2010 година обезбеди полуфинале на меѓународниот турнир „Гази Баба Куп-2019“. Момците на Колев Влатко победија со (4-0).
Почнавме доминантно од самиот почеток, ние имавме повеќе посед на топката. Благојче Седлоски одлично прими една топка, исолира одлично и неодбранливо биеше за 1-0. Марковиќ шутна силно голманот на ривалот само ја одби топката, на вистинското место се најде Ристиќ Стефан кој погоди за удвојување на предноста, 2-0. Лесно се движевме низ теренот, по една одлична акција во која беа вклучени Ристиќ и Седлоски топката беше додадена до Чедевски кој одлично стрелаше за 3-0. До крајот на првиот дел постигнавме уште еден гол, истиот беше дело на Марковиќ. Нашиот играч прецизно биеше од половина терен за конечни 4-0 пред паузата.
Вториот дел наликуваше на првиот во него доминиравме максимално. Веќе на стартот се случи „петарда“ во мрежата на Бутел, во листата на стрелци се запиша и Дарио Илиќ, по одлична асистенција на Ристиќ. Голема нова прилика имаше Седлоски, кој силно шутна во стативата. До крајот погодивме уште три пати, стрелци беа Чедевски, Гечев Драган и Огнен Сивевски. Победата за полуфинале беше обезбедена со резултат 8-0.