Вардар успеа да дојде до „бронзата“ на Супер Глоуб турнирот во Саудиска Арабија. Во малато финале бевме подобри од домашниот, Ал Вехра со резултат 30-26 (16-16) . Победата ја остваривме во вториот дел на овој дуел.
Лошо влеговме во дуелот нашиот ривал поведе на самиот почеток со 1-4 во 5.минута. Се вративме во ритам игравме гол за гол, се до резултат 6-9. Конечно успеавме да бидеме подобри од ривалот па со серија 4-1 дојдовме до 10-10 во 17.минута. Продолжи играта гол за гол се до 27.минута кога на семафорот стоеше 15-15. Во последната минута влеговме со негатива од еден гол, побаравме тајм-аут по кој во финишот преку Чупиќ успеавме да изедначиме, па на одмор заминавме со резултатска симетрија 16-16.
Вториот дел го отворивме со негатива, ривалот погоди за 16-17 потоа вардарци ја заиграа својата игра. Со серија 5-0 направивме пресврт и поведовме со 21-17 во 39.минута. Саудијците врзаа два гола и ја преполовија предноста, по пенал над Атман, сигурен реализатор беше Чупиќ за 22-19. Го стабилизиравме водството на три гола, во последните десет минути влеговме со предност од 26-23 по одличниот погодок на Сташ Скубе по „цепелин“ од Иван Чупиќ. Успеавме да отидеме на комотни плус пет потоа, Дибиров и Атман погодија, а на нашиот гол „проработе„ Гедбан за 28-23 во 54.минута. Се до крајот беше рутина за европскиот првак кој победи со резултат 30-26.
Оваа победа донесе 150.000 долари награда за црвено-црниот тим.
Гедбан (12 одб., 1 сед.), Кизиќ, Кукуловски, Димитриоски, Кристопанс 6/10, Сикошек Пелко 1/2, Дисингер 0/1, Атман 5/5, Скубе 4/7, Чупиќ 7/8, Дибиров 2/5, Горбок 1/2, Шишкарев 2/3, Горпишин 2/2.