Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Гази Баба Куп: Втора победа за ФК Вардар генер.2006, реми за генер.2003
Гази Баба Куп: Втора победа за ФК Вардар генер.2006, реми за генер.2003

Гази Баба Куп: Втора победа за ФК Вардар генер.2006, реми за генер.2003

ФК Вардар  генерација 2006 дојде до втората победа на “Гази Баба Куп-2018“. Тие попладнево ја совладаа екипата на ФК Форца со резултат 4:1 (2:0).  Натпреварот помина во целосна доминација на вардарци, ние дуелот го почнавме со следниот состав: Данстак,Николов, Јанкоски,Порчу,Ајетовиќ,Хасиќ,Крстевски, Николовски, Трифуновски,Алију, Танчев.

При една добра акција Марко Николовски уфрли топка во празно кон Олег Трифуновски кој одлично биеше во левиот долен агол за водство од 1:0. На 2:0 зголеми Михаил Танчев по асистенција повторно на Марко Николовски.Со тој резултат се замина на полувреме.

17
Во вториот дел повторно вардарци притиснаа и тоа вроди со плод. Олег Трифуновски одзема една топка на одбраната и лесно го совлада голманот за водство од 3:0. На 4:0 зголеми Никита Патаровски откако упати вистински проектил од далечина. До крајот тренерот им даде шанса на сите деца а Форца само го ублажи водството на 4:1. Овој натпревар помеѓу момците на Спасевски и ФК Форца привлече солиден број на публика.
Овој тим утре во 11:30 на стадионот Борис Трајковски во Маџари со Скупи ги очекува последниот дуел од групата.

33

Втор натпревар одиграа и екипата на ФК Вардар генерација.2003 на истиот турнир. Тие за противник го имаа тимот на  Академија наФФМ генер. 2004. На овој натпревар одиграве реми 0-0 (0-0). За нас настапија: Јовчев, Трпезановски, Ѓорѓиевски, Сељанац, Исмаили, Петрушевски, Петковски, Марковски, Ќосески, Мирков, Прелоговски