Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар во периодот од 30.08-02.09 ќе бидат дел од меѓународниот турнир “Пирин куп„, кој ќе се одигра во градот Сандански ( Бугарија). Тоа се генерациите родени “2007„, “2008„ и “2009„ година. Познати се групите и противниците за нашите млади надежи.
Генерацијата родени “2007„ година која е предводена од Горан Петрески ќе биде дел од групата Б, заедно со екипите на Беласица Петрич, Доростол Силистра и Царско Село од Софија. Во четврток со почеток од 17:00 часот по бугарско време, во првото коло ќе играме против Беласица Петрич.
Генерацијата “2008„ под водство на Миле Крстев, силите во групата ќе ги одмери со екипите на Доростол, Хасково и Септември Симитли. Првиот натпревар во четврток е против Доростол, дуел кој е закажан да започне од 11:30 часот.
Најмладата вардарова генерација на овој турнир, момчиња родени “2009„ година ќе се натпреваруваат во групата Ц, заедно со екипите на Валенсиа Варна, Пирин Разлог и Хебар. Во текот на утрешниот ден ќе одиграме два натпревари, најпрво од 13:00 часот ќе играме против Валенсиа Варна, додека од 18 часот ќе се сретнеме со Хебар.